Натпревар “Млади библиотекари” 2025

Талиа Павловска победник на Општинскиот натпревар „Млади библиотекари 2025 година“

Денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес се одржа Општинскиот натпревар „Млади библиотекари 2025 година“ на кој учество земаа ученици од основните училишта од Велес, Градско и Оризари.

b5

🥇Прво место освои ученичката Талиа Павловска 9 одд. од ООУ „Васил Главинов“ Велес под менторство на Каролина Попова, 🥈 второто место ѝ припадна на Изабела Димков 9 одд. од ООУ „Васил Главинов“ Велес под менторство на Каролина Попова, 🥉 а трето место е Теодора Ристова 8 одд. од ООУ „Блаже Конески“ Велес под менторство на Иванка Славковска.

b3

Учениците кои ги освоија првите три места, покрај дипломи, добија книги и вредносни ваучери, а сите други учесници добија благодарници и книги за покажаниот успех.

b4

Првонаградената Талиа Павловска се здоби со право за учество на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ кој ќе се одржи на 9.5. 2025 во НУЦК „Кочо Рацин “ Кичево.

b2

Ѝ посакуваме многу успех и достојно претставување на нашиот град.