Претставена новата книга „Вонбилансната евиденција“ на Вангел Божиноски

Претставена новата книга „Вонбилансната евиденција“ на Вангел Божиноски

Во Медијатеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, беше претставена новата книга „Вонбилансната евиденција“ на Вангел Божиноски, архитект, сценограф, новинар, историчар и архитектонски критичар и меѓународен туристички водич. Книгата содржи објавувани текстови во периодот 1983-2023 година.Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.

vangel promocija 2 e1752662373137

„Ова дело на Вангел Божиноски претставува збирка на негови ракописи објавувани во разни медиуми на тема „Македонија“. Ова дело е неразделна нишка со книгата „Прилози кон историјата на македонската архитектура“. Преставен е истиот галактички репортер, кој испорачува извештаи до нејасна просторно – временска дестинација. Во ова дело се сместени разни авторови радио и телевизиски емисии, написи, колумни во разни печатени медиуми“ истакна во своето излагање рецензентот проф. д-р Наде Јурукова.

a2

„Во книгата ќе најдете многу податоци кој не се поврзани во контекстот на она што го држи како наратив книгата. Тоа е како прирачник, ако бараш нешто, побарај во книгата“ истакна авторот Вангел Божиноски.

a3

Содржините се објавувани како колумни во печатени медиуми, радиозаписи, архитектонски проекти и реализации, археолошки локалитети претставувани на туристички тури и како поетски претстави за настаните што ја бележат македонската реалност.